Вести Македонија Топ вести

(Видео) Врсничкото насилство во школите сè почесто се пријавува во МОН

До сега на електронската адреса која ја објави Министерството за образование и наука на која анонимно може да се пријави насилство стигнале над 20-тина пријави од ученици и родители.

Сепак дел од меил пораките се и со сугестии шти би требало да се преземе во иднина, информира министерот Јетон Шаќири.

Тој додава дека ресорното министерство за овој проблем работи во координација со МВР. Според претседателот на Сојузот на средношколци Лука Павиќевиќ пак психолозите во училиштата повеќе не треба да бидат административци, туку да се посветат на учениците.

Притоа да се надмине стереотипот дека педагогот и психологот се во улога да казнат некого.

Ова беше кажано на денешната дебата посветена на темите околу врсничкото насилство во училиштата.

Изјави Јетон Шаќири министер за образование и наука, проф.д-р Софија Георгиевска, Проф.д-р.Татјана Стојановска – Иванова и Лука Павиќевиќ претседател на Сојузот на средношколци

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе