Вести Македонија Топ вести

(Видео) Пронајдени тројцата моторџии кои вчера беа пријавени за изгубени на планината Плачковица

Тројца млади моторџии заглавиле во кал на непозната локација на планината Плачковица. Последен контакт со групата со која возеле имале синоќа во 19 часот. Во потрагата се вклучија планинари, полицијата и од 20 до 25 луѓе од семејствата на исчезнатите моторџии. Потрагата заври утринава околу 7 часот, кога е воспоставен контакт со нив.

„Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 6:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба“, се вели во соопштението од ЦУК.

Планинарот Мартин Каровски вели дека убаво е да се шета низ планините и во природа. Но, секогаш треба да се знае иако е пролет, на планините температурите и условите за неколку минути стануваат зимски. Мора и да се биде психо-физички подготвен, со знаење како да се движиш низ планината и секогаш да ја имаш во предвид временската прогноза.

Каровски посочува дека во планина не треба да се оди сам, пожелно е во групата да се има лиценциран водич или искусен планинар.

Според податоците на планинарите во текот на годината вакви потраги по исчезнати лица низ планините Осогово и Плачковица имаат од 10 до 15 случаи.

Викторија Јованова Димитровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе