Вести Македонија Топ вести

(Фото) Осветена првата македонска православна црква во Хрватска, „Св. Злата Мегленска“

Првата македонска православна црква во Хрватска, „Св. Злата Мегленска“ е осветена вчера во Загреб, а на свеченоста по осветувањето, премиерот Андреј Пленковиќ во име на Владата, го прими највисокото одликување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), како знак за благодарност и искрено пријателство, пренесоа хрватски медиуми.

Хрватскиот премиер Пленковиќ го изрази своето задоволство што беше присутен на, како што кажа, „големата свеченост од вистински историски карактер за македонското малцинство во Хрватска“.

Првата Македонска православна црква во Хрватска е регистрирана во 1993 година, а во 1995 година Загрепската надбискупија и отстапи времено користење на црквата „Св. Рока“ во Загреб, додека изградбата на црквата „Св. Злата Мегленска“, посветена на великомаченицата од 18 век, започна пред девет години.

Надлежен е Митрополитот Европски г. Пимен. На осветувањето, покрај поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан, присуствуваше и српскиот поглавар г.г. Порфириј.

Меѓу гостите беше и Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници.

 

Фотографиите се преземени од Фејсбук профилот на Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе