Вести Свет Топ вести

Франција: Време е за почеток на мировни преговори за војната во Украина

Меѓународната заедница мора да почне да создава услови за враќање на мировните преговори за ситуацијата во Украина, изјави шефицата на француската дипломатија, Катрин Колона во интервју за телевизијата НХК, за време на состанокот на министрите за надворешни работи на групата седум (Г7) најразвиени земји.

„Неопходно е да се започне со работа за создавање на услови за мирен дијалог. Одговорноста за тоа лежи на сите држави“, рече Колона, признавајќи притоа дека во овој момент не постојат услови за мирни преговори со Русија.

Колона потсети дека земјите од Г7 се едногласни по прашањето дека е неопходно да се побара повлекување на руските војници од Украина, но истовремено да се отвори пат за почеток на мировни преговори.

Француската министерка, исто така, изрази уверување дека Кина размислува да испрати сигнал до Русија дека треба да го почитува меѓународното право, кога станува збор за ситуацијата во Украина. Таа, како што нагласи, станало можно по неодамншената посета на претседателот Емануел Макрон на Пекинг.

„Мислам дека Кина почна подобро да ја разбира нашата позиција“, додаде Колона.

Јапонија го презема претседавањето на Г7 за 2023 година. Генералниот секретар на јапонската влада, Хирокацу Мацуно уште во јануари порача дека Јапонија, како претседавач со Г7, ќе инсистира на воведување на санкции за Москва и помош за Киев. Премиерот Фумио Кишида рече дека светот на „пресвртна точка“ поради пандемијата на коронавирус и војната во Украина кои го „тресат светскиот поредок до темел“, пренесува „Спутник“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе