Вести Свет

Се урна станбена зграда во Марсеј – се трага по жртви во остатоците од објектот

Најмалку пет лица се повредени при уривање на четирикатница во центарот на Марсеј, а според градоначалникот тој број може да биде поголем.

Марсеј е вториот по големина град во Франција.

Зградата се урнала со силна експлозија четириесетина минути по полноќ, по што во урнатините избувнал пожар, што ги отежна спасувачките напори.

Шефот на полицијата на оваа област на југот на Франција, Кристоф Мирман, изјави дека постојат силни сомневања дека уривањето на зградата е предизвикано од експлозија, но оти засега треба да се биде многу внимателен околу утврдувањето на причината за несреќата, додавајќи дека гасот може да биде уште една можност.

– Треба да се подготвиме дека ќе има жртви во оваа страшна драма, предупреди градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан. Пет лица се повредени и во соседните згради.

И покрај тешкотиите, спасувањето продолжува со голем број луѓе. Затворен е целиот сектор околу зградата, како и неколку улици. Во спасувањето учествуваат повеќе од 100 пожарникари, полицајци и припадници на јавната безбедност

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе