Вести Свет Топ вести

Протестите против судската реформа во Израел влегоа во 12-тата недела – таа, според критичарите, е скроена по мерка на Нетанјаху

Протестите во Израел против плановите на премиерот Бенјамин Нетанјаху за реформа на судството во земјата прераснуваат во маратон. Израелците веќе 12-та недела се на улица во знак на незадоволство од предлозите на владата кои, според нив, ќе значат поголема контрола врз судските назначувања, ослабнување на Врховниот суд и одврзани раце за Парламентот за поништување на судските одлуки со просто мнозинство.

Вечерва се одржуваат масовните протести ширум земјата. Десетици илјади граѓани се собраа во Тел Авив, а протести има и во Ерусалим, Хаифа, Херзелија, Бершеба и на многу други места.

Незадоволството на Израелците кулминира по објавата на Нетанјаху дека активно ќе се вклучи во спроведувањето на реформите, без оглед на судските процеси за корупција што се водат против него.

Поради тоа, неколку стотици припадници на Армијата и на различните резервни состави нбајавија дека нема да се јавуваат на повиците за должност или веќе ја бојкотираа службата.

Министерот за одбрана на Израел стана првиот човек во владината коалиција кој го прекина молкот и повика на итно запирање на спорниот план на екстремно десничарската влада за ревизија на судството во земјата.

Тој рече дека планираната реформа во судството предизвика превирања во израелската војска и претставува закана за безбедноста на земјата. За критичарите, пак, законот е скроен по мерка на Нетанјаху и ја поттикнува корупцијата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе