Вести Македонија Топ вести

Стојановиќ во Топ Тема: Истрагата ќе покаже дали затворската полиција помогнала при копањето на тунелот во затворот Идризово

Можно е да имало помош од затворската полиција при копањето на тунелот во затворот Идризово, но истрагата допрва ќе докаже дали е свесно помагано или премолчено. Со ист став се Јовица Стојановиќ, в.д директор на управа за извршување на санкции и адвокатот Виктор Цветковски, кој пред 18 години бил директор на Управата.

Во вечерашната Топ Тема тие објаснуваат дека на копањето на тунелот е работено долго време, според структурата и она што го виделе на лице место.

  • Се уште немаме сознанија кој тоа го правел, а во соработка со надлежните органи ќе ги дознаеме, вели Стојановиќ. За да се влезе во таков тунел потребно е време подолго од 2 часа колку што трае прошетката на затворениците и има простор за сомневање дека се правеле пропусти, а истрагата ќе покаже дали има вмешани од затворот.

Цветковски пак смета дека обиди за бегства од затвор секогаш имало, тоа се човечки инстинкти, посебно кога осудениците имаат доживотни затворски казни.

  • Треба да знаеме дека КПУ имаат за цел да го штитат општеството од оние кои се огрешиле од законот и има затворска популација која ќе најде начин да ги искористи слабостите на системот, и како копање на тунел. Но нашата работа како општество е да ги сведеме на минимум. Државата треба да вложи во ресурсите што сега тоа вложување е сведено на минимум, и по сите параметри Македонија е на последно место. Условите во затворите, процесот на здравствена заштита, државата мора да ги подобри. Слабости на системот подразбира освен објективни мала кадровска покриеност , незадоволен кадар и слаба професионалност. Ние секогаш сме барале кадар, а државата не ви дава буџетски средства. Покрај тие слабости има и субјективни слабости, и има можност за помош од внатре, дали е свесно или премолчено истрагата ќе го даде одгворот, вели Цветковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бајрами: Изборниот процес поминува без поголеми нарушувања

Дејан Дејан

Си Џипинг и Вучиќ потпишаа изјава за стратешко партнерство на земјите

Дејан Дејан

МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе