Вести Свет

Во Европа продолжуваат да пристигнуваат огромни количества руска нафта – Русите вешто ги заобиколуваат санкциите, пишува Политико

Украинските власти и енергетските бизнисмени велат, дека големи количества руски јаглеводороди, особено нафта, продолжуваат да течат во Европа и ја финансираат воената машина на Путин.

Посредниците купуваат руска сурова нафта и ја транспортираат преку заобиколен пат до Европа, каде што нивната задна врата е широко отворена, пишува Политико. „Еднаш еден човек од Њујорк ми се пожали дека бубашвабите секогаш наоѓаат дупка за да влезат во неговиот стан – тоа е токму она што Русија го прави со своите енергетски производи“, изјави за порталот Олег Устенко, економски советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Европа мора да ги затвори тие дупки и да ја оневозможи Русија да користи крвави пари за финансирање на својата воена машина која ја уништува нашата земја и убива нашиот народ“, забележува Устенко.

Суровата нафта секогаш го наоѓа својот пат до глобалниот пазар. Нафтата лесно може да се меша со други пратки во транзитните земји, со што се создаваат пратки кои особено тешко се одредуваат земјата на потекло. Процесот на рафинирање е неопходен за секоја практична примена, а овој процес ги отстранува трагите од примарните суровини.

Од друга страна, бродовите пловат под различни знамиња и воопшто не придонесуваат за транспарентност: некои испраќачи се обвинети дека и помагале на Русија на различни начини да ја прикрие земјата на потекло на извезените суровини.

„За разлика од пазарот на гас, пазарот на нафта е глобален. Размените, компензациите, комбинираните начини на плаќање се вообичаена практика“, вели Михаил Ходорковски, истакнат критичар на режимот на Путин кој денес живее во егзил, а додека не падне во немилост на Путин, првиот човек на нафтениот и гасниот гигант Јукос.

Европската унија во голема мера го забрани увозот на руски фосилни горива од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, со одредени исклучоци: ограничени количини сурова нафта, гас и течен природен гас (LNG) и нафтени производи.

Сепак, големи количини на руска сурова нафта – многу поголем извор на приходи од бизнисот со гас – сè уште се испорачуваат на светските пазари, а некои експерти веруваат дека количините влегуваат во Европа преку задната врата.

„Од воведувањето на санкциите, обемот на сурова нафта што Русија го извезува е главно стабилен“, рече Саад Рахим, главен економист за трговската компанија Трафигура. „Можно е руската нафта да продолжи да се продава во ЕУ и западните земји преку препродавачи (посредници)“.

Една од потенцијалните рути е Азербејџан, кој граничи со Русија и е почетна точка на гасоводот Баку-Тбилиси-Џејхан (БТЦ) со кој управува БП. Пристаништето Џејхан во Турција е главен центар од кој се испорачува сурова нафта во Европа; големи количини нафта од Ирак се влеваат во Џејхан преку гасоводот Киркук-Џејхан.

Податоците покажуваат дека Азербејџан извезувал 242.000 барели дневно повеќе отколку што произведувал од април до јули 2022 година, вели Белами.

„Како е можно земјата да го намали производството и во исто време да го зголеми извозот? Нешто сериозно не е во ред и предизвикува сомнеж дека санкциите се заобиколуваат“, сметаат аналитичарите.

А.Ш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе