Вести Свет

Медведев за евентуалното апсење на Путин во Германија: Тоа ќе биде објава на војна и сите наши ракети ќе полетаат кон Бундестагот

Дмитри Медведев, заменик шефот на Рускиот Совет за Безбедност, со кој претседава Претседателот, Владимир Путин, денеска изјави дека секој обид да се постапи по налогот за апсење на шефот на руската држава од Меѓународниот Кривичен Суд, ќе значи „објава на војна“.

Коментирајќи дали заканата од можен нуклеарен судир се намалила, Медведев оцени дека не само што тоа не се случило, тука таа и се зголемила.

„Секој ден странските оружја се испраќаат во Украина и на крајот на денот тоа предизвикува заканата од нуклеарна апокалипса да биде се поголема и пореална“ – вели Медведев.

Коментирајќи го можното хипотетичко сценарио за апсење на Путин во Германија, врз основа на изјавата на германскиот министер за правда, по налогот на судот во Хаг, Медведев изјави дека во тој случај сите руски ракети ќе полетаат кон Бундестагот и канцеларијата на германскиот канцелар.

Очигледно ова е сценарио кое нема никогаш да се реализира. Но, да си замислиме за секунда дека ќе се оствари, дека актуелен шеф на нуклеарна сила замине на територијата, на пример, на Гарманија и таму е уапсен. Што е тоа? Објава на војна против Руската Федерација. Во тој случај, сите наши средства – ракетите и слично – ќе полетаат кон Бундестагот, германскиот канцелар и слично“ – вели Медведев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе