Вести Свет

ЕУ со воена помош од 1 милион артилериски гранати за Украина во наредните 12 месеци

Европските лидери ќе го поддржат денеска договорот за испраќање воена помош за Украина во 1 милион артилериски гранати во наредните 12 месеци.

Забрзаната процедура за испраќање на гранатите беше усвоена во текот на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана, претходно во текот на оваа недела.

Според повеќе високи Европски дипломатски извори, лидерите од Самитот во Брисел денеска ќе го дадат и политичкото зелено светло.

Бидејќи Украина се соочува со недостаток на муниција во војната против Русија, идејата за формирање заеднички план за купување муниција, сличен на планот усвоен во текот на пандемијата коронавирус за купување вакцини, прв пат беше предложен минатиот месец од Премиерката на Естонија, Каја Калас.

Шефот на европската надворешна политика, Жосеп Борел, изјави дека добил одобрување за својот предлог за обезбедување 1 милијарда евра со цел да се охрабрат земјите членки да обезбедат артилериски гранати од своите резерви и за можните нарачки за нови гранатите кои може да се достават до индустријата.

Дополнителни 1 милијарда евра исто така ќе бидат искористени за брзо процесуирање на нови нарачки и да се охрабрат земјите членки заедно да ги спроведат овие нарачки преку Европската Агенција за Одбрана или во групи од најмалку 3 држави.

Помеѓу 27-те земји членки на ЕУ, Унгарија соопшти дека нема да биде дел од доставувањето муниција за Украина, повикувајќи се на својата посветеност на мирот.

Минатиот месец, Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека ЕУ е делумно виновна за пролонгирање на Руската војна во Украина заради санкциите против Русија и доставувањето помош во пари и оружје за Украина, при што не се обидува да изврши дипломатски притисок за мировен договор со официјална Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе