Вести Македонија

Се засилува или слабее поддршката на пратениците за уставните измени?

Осум плус или девет помалку? Пратеничките гласови за уставните измени  се пребројуваат со едноставна  математичка операција, но резултатот зависи од партиската припадност.

Вицепремиерот Груби, синоќа во Топ тема на Телма, изрази оптимизам дека, не само што ќе се обезбедат 8 гласа од ВМРО ДПМНЕ за измените, туку со планот што го имаат, ќе ја придобијат и целата пратеничка група.

Од опозицијата му порачаа првин да си ги преброи сопствените редови.

Вицепремиерот Маричиќ, пак,  денеска уште еднаш ја повика опозицијата да се вклучи во процесот.

Од ВМРО ДПМНЕ веќе се изјаснија дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени. Остануваат на ставот дека, измените нема да се случат во овој парламентарен состав.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе