Вести Македонија Топ вести

Панделевски не чувствува вина за „Империја“

По седумте спогодби во истрагата, продолжија признанијата на вина за „Империја“ и на судење. Еден бизнисмен призна вина на денешното прво рочиште а друг е во дилема дали да признае. Единствено Бизнисменот Цветан Панделевски е дециден дека не се чувствува виновен. Сопственикот на Пелистерка ќе докажува дека не ги сторил делата злоупотреба на службена положба, перење пари и измама. Обвиенеието го смета за неразбирливо

Обвинението не можам да го разберам. Со оглед на тоа дека и многу адвокати и правници не можат да го разберат, не очекувајте од мене, јас сум економист. Во обвинението се споменуваат претходни договори, за кои не се наведени настан, време, место. Не се чувствувам виновен, рече панделевски.

Второобвинетиот бизнисмен Зоранчо Митревски, сопственик на „Езимит“ призна вина и пресудата ќе ја слушне за два дена. Но неговото признание го стави на мисла трето обвинетиот брокер Јованче Тасковски кој побара кратка пауза да се консултира со неговиот адвокат, по што одбраната побара и  дополнително време за да одлучи како ќе се произнесе.

Се консултирав со клиентот. Условно кажано, тој се двоуми дали признае или не, поради тоа што се работи за специфичен кривично-правен настан. На клиентот му кажав дека има трошоци на постапката, кои не е способен финансиски да ги покрие. На Тасковски му е потребен краток временски период за тоа да се консултира со семејството, изјави Мерџан даути, адвокат на митревски.

Тасковски има време до четврток да се пресмета дали ќе признае вина или ќе седне до Панделевски на обвинителната клупа. За Митревски судењето завршува и во четврток ќе ја слушне пресудата. Обвивнителката Лиле Стефанова прва даде воведен говор и најави дека има доволно докази ги докаже обвинението со кое се бара конфискација на имот од тројцата обвинети во износ од 4,7 милиони евра. Оштетени се бизнисменката Кираца Трајковска и компанијата „Бетон Штип“. Меѓу познатите кои склучија спогодба со обвинителството за „Империја“ се бизнисменот Орце Камчев, кој доби 1 година затвор, и екс шефот на УБК Сашо Мијалков кој доби три години затвор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе