Вести Македонија Топ вести

Битка за Чаир меѓу „Артанистите“ и „Огнените“

Се засилува внатрепартиската кампања во ДУИ. Политичкиот судир на таканаречените „огнени“ и „артанисти“ се случува во Чаир. Вицепремиерот Артан Груби на социјалните мрежи еуфорично го најави вечерашниот собир.

Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува националниот лидер Али Ахмети. Чаирчани се на нозе, големи и мали зборуваат дека тој доаѓа и дека ќе му  ја слушаат пораката. Ви ветувам невиден спектакл, особено за младите. Не пропуштајте па потоа да слушате од други како било на историскиот собир кадешто ќе се гради иднината, напиша груби на фејсбук.

Групата „огнени“ го нарече „собир на артанисти“. Потпретседателот на партијата и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити рече дека нема да присуствува бидејќи не е поканет. Смета дека овој собир ќе биде организиран со тероризирање на администрацијата која е под закана да присуствува. Само неколку часа порано, актуелниот градоначалник Висар Ганиу, близок на „огнените“, го означува стартот на мега парк во населбата Топаанско поле. Министрите не се поканети.

За премиерот Ковачевски, разбирливи се собирите и трибините какви што организираше и неговата партија.

Вечерашниот собир на ДУИ во Чаир е дел од серијата партиски активности што паралелно ги прават двете партиски групации со меѓусебни обвинувања за делење на партиското тело. Едните побараа оставка и отчет на вицепремиерот Груби и на другите министри. Другите докажуваат дека ја имаат поддршката од лидерот Али Ахмети и дека членството и натаму ги поддржува.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе