Вести Македонија Топ вести

Даравелски на чекор до слобода без да влезе во судница

Откако доби шанса за повторено судење во неговот присуство, Кривичен пресече – на Драган Даравелски нема да му се суди поради застареност за гонење. Кривичната постапка против него се запира, а пресудата со која беше осуден на 7 години затвор му се укинува, информираа од судот.

За делото злоупотреба на службената положба за кое се гони казната е од 1 до 10 години, а застареноста на кривичното гонење настапува кога ќе поминат 20 години од извршувањето на делото.

Дело е сторено во период од 2001 до 2002 година, а претседателот на судечкиот совет, надвор од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење на 01.12.2022 година, информираат од Кривичен.

Обвинителството има право на жалба. Од таму велат – Надлежниот јавен обвинител очекува да го добие писменото решение од Судот, по што ќе донесе одлука за натамошната постапка.

По долгогдишно бегство и неуспешни барања за негова екстрадиција од Србија, на 10 јануари Даравелски се предаде на граничниот премина Табановце. Беше спроведен во затворот Идризово и побара ново судење во негово присуство. По спротивставените толкувања во правната фела дали треба да му се дозволи повторување на постапката, Кривичен и скопска Апелација одговорија позитивно, повикувајки се на Европската конвенција за екстрадиција и домашната легислатива по што беше пуштен од Идризово на 15 февруари.

Телма претходно објави дека поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски уште во 2009 година барал помилување од тогашниот претседател Бранко Црвенковски за правосилната седумгодишна затворска казна, но според одуката на Апелација, Даравелски дознал дека е осуден – на капијата во Идризово. Само неговото тврдење се смета за релевантно и го искористил рокот од една година за да побара нов процес, оцениле апелационите судии.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски во посебен оддел на затворот во Шутка каде се и останатите осомничени за убиствата на Вања и Жежовски

Дејан Дејан

Благодарност од Лога до турските власти за екстрадицијата на Палчо

Дејан Дејан

Aмерика го предупреди Рајфајзен поради соработката со Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе