Вести Свет

Француските трговци на страна на потрошувачите – согласни да ги намалат цените на храната

Француските сопственици на големи маркети се согласија да застанат на страна на потрошувачите. На предлог на владата склучија договор за ограничување на многу цени на прехрамбените производи. Целта е да се олеснат инфлаторните притисоци за потрошувачите.

Малопродажните трговци ќе ги намалат цените но оставено е на нив да ги изберат брендовите кои ќе се продаваат поефтино, бидејќи како што им било кажано во министерството за финансии – треба да има слободна трговија.

Ова ќе ги претвори месеците од април до јуни во „квартал против инфлација“, која од февруари е зголемена за 14 ипол проценти, смета министерот, кој додава дека загубите кои ќе ги пртрпат трговците се пресметуваат во стотици милиони евра, кои пак самите се согласиле да ги поднесат.  Повеќето големи продавачи на храна во Франција учествуваа во разговорите.

Сепак, некои здруженија на потрошувачи, се скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.За да се осигураат дека трговците на мало не ги притиснале своите добавувачи за да го надополнат недостигот од приход, инспекторите ќе бидат на терен секојдневно. избраните производи кои ќе бидат со намалени цени, ќе се означени со логото „анти-инфлациски квартал“ со боите на француското знаме.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе