Вести Свет Топ вести

Русин осуден на Крим за предавство – се обидел да преплива до Одеса и да им се приклучи на Украинците

Врховниот суд на Крим осуди граѓанин на Санкт Петербург на шест години затвор, откако бил прогласен за виновен за предавство, бидејќи се обидел да преплива од Крим до Одеса и да се придружи на украинската војска, соопшти прес-службата на судот.

Според наводи на обвинителството, 40-годишниот маж од Санкт Петербург се противел на руските напади во Украина, па решил да учествува во непријателствата на страна на украинските оружени сили, наведува агенцијата РИА Новости.

За да го стори тоа, обвинетиот, преку интернет, стапил во контакт со претставници на украинска воена единица на доброволци која регрутира Руси и организира нивно заминува во Украина. Неговиот прв обид за минување на државната граница кај Бријанск бил неуспешен, по што му било понудено да стигне до Украина преку море.

За реализација на планот, осудениот руски државјанин купил одело за нуркање, пераи, компас, подводна батериска лампа и водоотпорна торбичка. Лани во август стигнал на Крим, за потоа да почне да плива во Црното море, во правец на Одеса.

Бил фатен од руски пограничен брод на 8 август, во близина на селото Оленевка на Крим, кога бил и уапсен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе