Вести Македонија

Младите да се ангажираат во институциите на системот за да не ја напуштаат државата

Институциите на системот да ги вклучат младите во нивната работа и за тоа чесно да ги платат. Така ќе се намали можноста од нивно иселување од Македонија. Корупцијата, лошата здравствена заштита, условите во студентските домови, правата кои ги имаат нивните врсници во странство, се причините за заминување на младите. Различни статистики покажуваат дека во последниве две децении државата ја напуштиле меѓу 100.000 и 500.000 млади луѓе.

А, меѓу 30 и 90% од нив се изјасниле дека сакаат да заминат, кажаа од граѓанскиот сектор на дебатата „Билет во еден правец“.

„Институциите во овој момент доста зборуваат. Ги вклучуваат само како декор, младите.Меѓутоа она што недостасува е да ги вклучат со право на глас, со право на одлучување и да го земат оној дел кој реално треба да го направат и да придонесат“, смета Бојан Кордалов, претседател на Институт за добро управување и евроатлански перспективи.

Вработувањето со врски, но и застарениот модел кој се применува на државните високообразовни институции, е уште една од причините младите да не можат да најдат работа и да заминат во странство.

„Многу работи што се учат моментално на државните универзитети не се потребни на пазарот на трудот Тоа е една од причините зошто имаме голема младинска невработеност во нашата држава што варира од 30 до 33%“, изјави Бленди Ходаи, Форум за образовни промени.

А, за подобрување на стандардот на студентите, на Универзитетското студентско собрание при УКИМ му останаа уште две седмици за да го убеди МОН, студентскиот оброк, како што беше ветено есента од надлежните, да се зголеми од 120 на 140 денари.

„Ние за она за кое што се бориме моментално е сумата на оброкот од 15 март да биде 140 денари. И од тоа нема да попуштиме бидејќи тоа е нашето барање по кое се согласивме и првиот пат.
Измените на Законот за студентски оброк ќе стапат на сила од новата академска година“, вели Славчо Темелковски, Универзитетско студентско собрание при УКИМ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе