Вести Македонија

Бауш во „Топ тема“: Ова „замрзнување“ на цени ме враќа на некои други системи, применуваме мерки како да сме држава со 25 – 30 милиони луѓе

Не верувам во ваква економија, во „замрзнување“ на цените, затоа што верувам во слободен пазар и пазарот да ги регулира цените, самиот по себе. Нормално, да имаме регулаторни тела, но не вакво „замрзнување“ на цените“, рече Абил Бауш, екјономски аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ова ми доаѓа како враќање во некои други системи. Ние се обидуваме да гасиме некои социјални пожари со социјални мерки, но од друга страна не гледаме што натаму се случува кај тие економски оператори. Да не речам манипулираат со цените, но прават одредени трошоци за цените да бидат тие кои се. Теоретски, да, можат да се намалат цените, меѓутоа практично, во оваа инфлација што ја имаме од 2019 година до сега, ние не м ожеме да ги намалиме цените драстично“, нагласи Бауш.

Според него, мерките од почетокот, со донесување на маржите, па до денеска за „замрзнување“ на цените, се погрешни.

„Не беа краткорочни за намалување на психолошкиот аспект на граѓаните, кога почнаа да одат по маркети и да купуваат масло за јадење и други основни прехранбени производи затоа што ќе ги нема. Но, тие продолжија со маржите и со субвенција на одредени производи, како субвенција на електрична енергија. Мене не ми јасно како го регулираат тој пазар. Ние применуваме мерки како да сме држава од 25 – 30 милиони жители и штитиме некои стратешки производи кои ги немаме. Имагинативно се обидуваме да штитиме нешто“, вели Бауш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе