Вести Македонија Топ вести

Креативни маски и многу забава на струмичкиот карневал – градоначалникот Костадинов и девојката како Тито и Јованка

Егзотични птици, деликатеси, принцови, оживеани растенија. Сè што не сте можеле ниту да соните, прошета на синоќешниот максенбал во Струмица. Насмеани, влезени во своите карневалски улоги, уште еднаш покажаа дека барем за неколку часа може да се промени стварноста.

На маскенбалот дојде и градоначалникот Костадинов со девојката, претставувајќи ги Тито и Јованка Броз. Неговите пријатели, пак, ги оживејаа ликовите на светски политичари, лидери, познати личности од светската историја.

Првпат струмичкиот маскенбал ги спои домашните и странските гости. Организаторите велат така подобро се дружеле.

Синоќа се избраа и принцот и принцезата кои вечерва ќе ја отворат карневалската парада. Наско Костуранов и Катерина Јовановска чија маска беше варијација на паганската мексиканска божица Ла Санта Муерте.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе