Вести Македонија

Иницијатива по излезот од Влада – „Алтернатива“ бара формирање на Заедница на албански општини во Македонија

„Алтернатива“ бара да се покрене иницијатива за формирање на Заедница на албански општини во Македонија, како реципроцитет на она што меѓународната заедница го бара од Косово, да формира Заедница српски општини.

Во време кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат, кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот да се формира Заедница на српските општини во Косово, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Македонија. Тие кои имаат општини ДУИ, Алијанса и Беса, не покренуваат иницијатива за основање на Заедница на албански општини во Македонија, со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово“, пишуваат од „Алтернатива“.

Партијата која до сега беше коалициски партнер во владата, пишува дека ова е една кауза врз која може да се соединат сите албански партии, дури и „Алтернатива“ која нема своја општина.

„Можеби на тој начин, доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во македонија и српскиот јазик на Косово“, пишува во соопштението на „Алтернатива“, потпишано од генералниот секретар на партијата, Зеќирија Ибрахими.

Инаку, формирањето заедница на српски општини на Косово е обврска на официјална Приштина, преземена со бриселскиот договор потпишан пред 10 години, со посредство на Европската Унија, а сега Србија бара од Косово да ја исполни преземената обврска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе