Вести Македонија

Институциите ќе се обидат да му помогнат на семејството Крстевски

Центарот за социјални работи конечно ќе го преземе случајот на тричленото семејство Крстевски од Козле откако надлежните од Министерството за труд и социјална политика влегле во станот и утврдиле дека состојбата на семејството не е добра и станот е во катастрофални услови.

-Ќе пратиме екипа во домот на лицата со попреченост за да ја одржуваат хигиената во станот. Ние сме должни како центар да отвориме службени барања кога имаме вакви случаеви. Секако дека нашите колеги ќе договорат термини со матичните лекари да најдат термин за да се провери нивната здравствена состојба и да земаат парични средства за туѓа нега, вели Лиридон Бафтиу, директор на центарот за социјални работи.

Рекацијата на надлежните институции уследи по сторијата на телевизија Телма за негрижата на службите и условите во кои живее семејството, а чии членови таткото и двата сина се со нарушено здравје и се лица со посебни потреби. Еден од синовите, Никола, пред само три дена беше оставен да седи на клупа пред зградата во која живее, откако екипа на Брза помош не сакала да го качи до станот со изговор дека имал прекумерна телесна тежина.

Поради досегашната неажурност на институциите освен што страдаше семејството Крстевски кое живее во нехумани услови, страдаа и нивните соседи.

Семејството кое живее под нивниот стан веќе десетина години се соочува со големи проблеми. Редовно мора да го реновираат станот бидејќи од станот на Крстевски тече вода во нивниот стан поради што им се ронат ѕидовите. Тие велат дека додека биле живи бабата и дедото на Никола ситуацијата не била ваква, но по нивната смрт состојбата станала неподнослива.

Станот во кој се наоѓаат е во очајна состојба, вели Сашо Србиновски, сосед на семејството.   

Тој моли за помош од надлежните институции за да може да се подобри ситуацијата во неговиот стан и да има живот како и сите луѓе.

Соседите кои алармираа за тешката состојба на семејството Крстевски сега се надеваат дека институциите конечно ќе им го олеснат живеењето на семејството Крстевски, но и нивното.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе