Вести Свет Топ вести

Џо Бајден во ненајавена посета на Украина

Војната во Украина денеска влезе во својот триста шеест и први ден. Продолжуваат жестоките борби за Бахмут.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе го брани тој град, но не по секоја цена. Тој извести и дека состојбата во Угљедар е тешка. Американскиот претседател Џо Бајден ненајавено пристигна во посета на Украина, каде што во Киев по разговарите со Зеленски најави дополнителни 500 милиони долари американска помош, подвлекувајќи дека американската помош од руската агресија нема да запре. Конфликтот во Украина дополнително ги влошува билатералните односи меѓу и Вашингтон и Пекинг.

Руската инвазија и војната во Украина само дополнително ги зголеми тензиите во односите меѓу Соединетите американски држава и Народна република Кина.

Шефот на американската дипломатија , Ентони Блинкен, денеска изрази загриженост дека Кина размислува да ја поддржи, како што рече, руската војна во Украина, со помош во „смртоносно оружје“.

Доколку тоа се случи, Кина е информирана дека таква одлука ќе има сериозни последици за билатералните односи меѓу САД и Кина, додаде Блинкен, кој сепак не прецизираше што точно тоа значи и што би презел официјален Вашингтон доколку официјален Пекинг и даде воена поддршка на Русија.

 – Нема да ги набројам сега тие последици. Јас ја изразив мојата загриженост директно во разговорите со високиот претставник на Кинеската надворешна политика, Ванг Ји, кога се видовме на безбедносната конференција во Минхен пред некој ден. Но, мислам дека Кина знае какви се ризиците, доколку продолжи со обезбедувањето материјална поддршка од таков вид за Русија, Ентони Блинкен, министер за надворешни работи на САД.

Досега, кинеската поддршка за Русија во најголем дел беше реторичка и политичка, при што Кинеските власти ги спречуваа обидите за осуда на Руската инвазија на Украина во Обединетите Нации.

Кинескиот одговор не мораше долго да се чека. Портпаролот на кинеското МНР, Ванг Венбин, побара од Соединетите држави да престанат да бегаат од својата одговорност и да шират дезинформации, апелирајќи до официјален Вашингтон да направи нешто конкретно за де-ескалација на ситуацијата и промовирање на мировните преговори.

 – САД се тие кои постојано носат оружје на борбеното поле, не Кина. САД не се во позиција да ни кажат што да правиме и ние никогаш нема да го прифатиме ова покажување со прсти или дури и присилба и притисок на односите Кина-Русија. Принципот кој Кина го следи за прашањето на Украина може наједноставно да се опише како промовирање на мировните преговори, Ванг Венбин, портпарол на Кинеското министерство за надворешни работи.

Кој повикува на дијалог и трага по мир а кој го разгорува огнот и бара конфронтација, меѓународната заедница јасно може да види.

Во меѓувреме Соединетите американски држави и Западот продолжуваат да ја снабдуваат Украина со се повеќе оружје и муниција. Пред првата годишнина од почетокот на Руската инвазија, во Вашингтон, Лондон и Брисел се повеќе се говори дека пролетта ќе биде клучна за конечниот исход од војната, шпекулирајќи за некаква поголема Украинска офанзива. На фронтот, борбите и натаму се најжестоки во регионот на градот Бахмут, каде двете страни тврдат дека му нанеле огромни загуби на непријателот.

Сепак, факт е дека Украинските сили во овој град се во се потешка ситуација, обиколени од руската армија и платениците од групата Вагнер.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе