Вести Македонија

Новаковски во „Топ тема“: Рокот од една година во случајот на Даравелски не важи

Во случајот на Даравелски се работи за законот за екстрадиција од 2010 година. Ако тој бил во екстрадициона постапка, а ние не знаеме дали во Белград бил, бидејќи се слушна дека и во 2018 година, во 2019 година од владата и министерството за правда имало барање за екстрадиција и ако има писмо, со оглед дека има државјанство од друга држава, тогаш тој рок од една година не важи, истакна адвокатот Александар Новаковски во вечерашната дебата во „Топ тема“ за случајот со екс директорот на Царина кој изминатите 20 години ги мина во Србија и беше недостапен за македонските органи на прогонот.

„Не важи, затоа што тоа во законот е децидно кажано. Рокот од една година во таа постапка не важи. И не верувам дека судот направил превид, затоа што не може, бидејќи одлучува врз основа на целиот предмет. Забуната се создаде со излегување на некои кои велеа дека нема да се дозволи повторување, бидејќи тој има дознато за пресудата. Потоа имаше нејаснотии и околу обидот на судот во Куманово да му ја врачи. Ако судот дозволи повторување на постапка, тогаш се знае дека мора да има ново судење“, е ставот на Новаковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе