Вести Македонија Топ вести

Арсовски во „Топ тема“ за случувањата во Собранието: Есапот на СДСМ на крај може да биде егал – да добијат осум пратеници, а да изгубат пет-шест-седум

СДСМ ја гледа реконструкцијата на владата низ две призми. Една е стабилизација и зголемување на функционалноста на парламентарното мнозинство и втората е некакво окрупнување на пратениците, како меѓучекор или како зголемување на притисокот кон останатите партии во собранието за уставните измени, рече политичкиот аналитичар Петар Арсовски во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, во врска со реконструкцијата на владата, излезот на „Алтернатива“ и влезот на „Алијанса за Албанците“.

„Ваквото окрупнување има и трета призма, но прво да се задржиме на овие две. Во смисла на „европска коалиција“ нема големи промени и не верувам дека некоја од албанските партии би гласала против уставните измени или не би ги поддржала. Најголем дел од албанските партии имаат декларативна, па и суштинска определба за поддршка на уставните измени. И во таа смисла, оваа пермутација не менува многу“, вели Арсовски.

Во смисла на зголемување на парламентарното мнозинство, додава Арсовски, ставот на СДСМ на почетокот бил да не излезат партии, да не се ситни мнозинството.

„Овие случки во собранието, вчера и денеска, малку ја расипуваат таа математика, па есапот на крај може да излезе егал, условно речено, односно да добијат осум, а да изгубат пет-шест-седум, можеби и осум пратеници. И не знам како ќе функционира тоа. Ќе треба да видиме“, смета Арсовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовската полиција ги заплени средствата и ги затвори филијалите на српска Поштенска штедилница

Дејан Дејан

Договорците на токсикологија распоредени на работните позиции и покрај забраната на ДСЗИ

Дејан Дејан

Мијалков во четврток излегува од затвор одлучи Апелација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе