Вести Македонија

Системот на ФЗОМ паднат веќе четири дена, граѓаните не можат да добијат услуги

Системот на Фондот за здравствено осигурување веќе четири дена не функционира. Пациентите не можат да го променат матичниот лекар, да ги продолжат здравственото осигурување и боледувањето. Многу проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Револтирани што дошле, а не завршиле работа во Фондот.

Дојдов за заверка на книшката. Одиш и правиш многу трошоци, а едвај се снаоѓаме со парични средства во оваа криза, доаѓаме тука затоа што мора да завериме документи за да имаме здравствено осигурување , а на крајот ни викаат чекај, вели еден од граѓаните.

Матичните лекари потврдуваат дека овие денови имаат проблем со функционирање на порталот на фондот, но тие ги информираат и смируваат пациентите дека рецептите и упатите сепак може да се издаваат.

Колегите во неделата го воочиле проблемот, исто така и специјалистите се жалат во однос на издавање на слушните апаратчиња и други ортопедски помагала, значи се она што треба да функционира преку порталот на Фондот не функционира во моментов и тоа е проблем, вели д-р Лилија Чолакова Девишова од Здружението на приватни матични лекари.

Од фондот за здравствено осигурување велат дека осигурениците можат да ги остваруваат правата преку Подрачните служби и лекарските комисии продолжуваат со работа непречено.

ФЗОРСМ ја известува јавноста дека осигурениците можат да ги остваруваат правата преку Подрачните служби на Фондот, кои во континуитет ќе ги примаат барањата.Експертските тимовите работат 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок, приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите.

Информатичарите на Фондот за здравствено осигурување работат на отстранување на проблемот. Додека системот е под хакерски напад, но за тоа не се откриваат повеќе детали, пациентите се оставени во исчекување.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе