Вести Македонија

Штрајк на административците во МАНУ – платите не им се зголемени 15 години

Зголемување на платите кои се недостоинствени и навредливи. Во последните две години кога, поради економската криза и инфлацијата, вредноста на нашите и онака ниски плати стана уште повеќе девалвирана, надлежните институции молчат, реагираат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ. Според Вујовиќ во изминативе години поголем број заминале во пензија, некои ја напуштаат работата поради ниските плати, згора на се не се пријавуваат ниту нови луѓе на конкурсите. Зголемен е и обемот на работа, додека нивната плата не е воопшто зголемена во изминативе 15 години.

  • За вработените во оваа институција нема регрес за годишен одмор, нема усогласување со минимална плата, нема пополнување на испразнетите работни места. Со оглед на специфичноста на институцијата, а заради реализирање на нејзината основнса дејност од вработените се бараат поспецифични ангажмани, па од тука тие не заслужуваат најниски плати во државата, туку подонстоинствени плати, вели Блажо Вујовиќ, претседател на Синдикатот на МАНУ 

Велат дека академиците немаат статус на вработени лица во МАНУ, туку тие добиваат академска награда, на месечно ниво, со која им се оддава општествено признание за нивната дејност во областа на науката и уметноста.

Дали разговаравте со претседателот на МАНУ и дали ги изложивте вашите барања ?

  • Разговаравме и ги изложивме нашите барања. До овој момент не наидовме на поддршка, разбирање и воедно, не се преземени никакви активности од страна на надлежните. 02:49 -03:00 Во моментов ние немаме ниту еден правник во правна служба, во сметководство немаме доволно луѓе да функционира се, да не зборувам за библиотека, да не зборувам за архив, вели Вујовиќ. 

Телма се обиде да стапи во контакт со академик Коцарев, претседател  на МАНУ, но тој беше недостапен на својот телефон.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе