Вести Македонија Топ вести

Сали со контра прашање до Ковачевски: „Дали некој, кој и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, може да си го продолжи мандатот?“

Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево на прозивката и прашањето од премиерот Ковачевски, да размисли дали може да го продолжи мандатот по смртта на Благојче Илиевски, пациентот болен од цистична фиброза за кој во Македонија нема од лекот „Трикафта“, со објава на Фејсбук, одговори со контра прашање.

Изразувајќи сочувство до блиските на починатиот, Министерот Сали, подвлече и дека не може да премолчи кога врз грбот на ваква трагедија се прави евтин обид за политички поени.

„Затоа, еве ги фактите.  (1) Факт е дека Министерството за здравство уште на 27.01 од Владата побара да се обезбедат средства за нова набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза.  (2) Факт е дека и покрај барањето на МЗ, ниту Владата на РСМ, ниту премиерот Ковачевски лично, до вчера, не одлучија да се обезбедат тие средства.  (3) Факт е дека лек во доволни количини нема заради недонесувањето на таа одлука, а не заради МЗ. Оттаму, не ми е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во наша надлежност.  Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, а набавката ја спроведува соодветната клиника.  Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот“ – напиша Сали.

Ако се натпреваруваме со политички изјави, вели Сали, тогаш и тој директно му одговори на премиерот Ковачевски, со прашање до него:

„Дали некој, кој, и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот.  Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа.“ – пишува министерот за здравство, Беким Сали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кочанските активисти прогласија победа за депонијата кај село Бели – советниците одлучија во полза на граѓаните

Дејан Дејан

Имаме сериозен сенс за состојбите во здравството – Таравари најави проширување на позитивната листа на лекови

Дејан Дејан

Сопственичка на фирмата „Анго“ која требаше да ја гради спорната катна гаража e избрана за член на комисија на АЕК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе