Вести Македонија

Македонија главна тема на бугарската изборна кампања

Односите Скопје-Софија не се на дневен ред на денешниот вонреден самит на Европската унија во Брисел, но бугарскиот претседател Румен Радев вели дека ќе ја иницира темата затоа што проблемите со Македонија бараат европски пристап. Пред почетокот на состанокот, тој повтори дека клучно е да се почитуваат правата на македонските Бугари, но рече дека не гледа политичка волја за институционална реакција на македонските власти за заштита на правата на Бугарите во Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски изјавата на Радев ја препишува на предизборниот период во Бугарија, но беше директен велејќи дека Македонија преговара со Унијата, а не со Бугарија.

За ВМРО-ДПМНЕ изјавата на Радев е резултат на неспособноста на Владата која не не одговара дали уставните измени се последното барање од Бугарија за прекин на блокадата.

Вчера, Советот на Европа усвои резолуција во која пиштува дека не постои системска дискриминација на малцинствата во Македонија, со што беа отфрлени амандманите на Бугарија. Според објаснувањето на македонското МНР аргументацијата на  мнозинството претставници е дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку треба да се засноваат на меѓународното право, и на објективните наоди на независните експерти кои ја покажуваат реалната состојба

 

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе