Вести Македонија

Клучен ден за проширување на владеачкото мнозинство

Клучен ден за големината и составот на владеачкото мнозинство. Иако формалните одлуки се вечерва, СДСМ и Алијанса веќе се согласија за заедничко владеење од „Илинденска“. Неизвесноста ја одржуваат Алтернатива и „Огнените“ кои се против „делењето на владеачкиот колач“ со партијата на Таравари.

Премиерот Ковачевски посакува Алтернатива да остане во Владата и собраниското мнозинство да се зголемува, но потсетува дека нов владин партнер значи партиско прераспоредување.

Алтернатива најавува дека „ќе почека да се формализира новата коалиција“, а потоа ќе донесе конечна одлука. Во меѓувреме, претседателот Африм Гаши имал средба со Христијан Мицкоски. Во изјавата за ТВ Клан, објаснува дека се работи за средби со сите лидери заради главната цел – двотретинско мнозинство за уставни измени. Од Алтернатива денеска ја потврдуваат изјавата на Мицкоски дека разговорот бил  при разминување.

За Алијанса веќе се договорени три министерски функции, меѓу кои во Правда и во Здравство, заменички места во Одбрана и во Земјоделство, директорски позиции во МЕПСО, ПИОМ, Просветниот инспекторат, Тетовската болница и други. Доколку Алтернатива излезе од Владата, ќе го добијат и Министерството за информатичко општество. Во спротивно, Алијанса добива вицепремиер. СДСМ, ДУИ и другите партии ќе направат ротации заради запазување на етничкиот сооднос. Новата коалиција ќе биде официјализирана откако ќе добие согласност од партиските тела.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе