Вести Македонија Топ вести

(Вознемирувачко видео) Клучката кај Три чешми како црна сообраќајна точка – утрово загина 37-годишен гевгеличанец

Црна сообраќајна точка станува клучката кај Три Чешми, каде што се спојува експресниот пат кон Штип со автопатот Штип-Миладиновци. Рано утринава на лице место загина 37-годишен возач од Гевгелија, кој со својот автомобил марка голф директно се судрил со тешко товарно возило, управувано од 26-годишен маж од скопското село Блаце.

„На местото на несреќата починал возачот на автомобилот, а смрт констатирал лекар. Додека возачот на товарното возило се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип. Увид на местотот на настанот изврши екипа на СВР Штип и јавен обвинител“, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Според неофицијални информации кои протекоа на терен, починатиот возач половина час пред несреќата кај Велес бил запрен од страна на сообраќајна контрола и казнет за брзо возење. Но, од СВР Велес не ја потврдуваат информацијата, со образложение дека станува збор за лични податоци. Додека се одвиваше увидот, автопатот Штип-Миладиновци беше затворен за сообраќај во двете насоки, сообраќајот се одвиваше по регионалниот пат. Ова е трета жртва на патиштата околу Штип од почетокот на годината.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе