Вести Македонија Топ вести

Македонија ќе издвои 100.000 евра за настраданите од земјотресот – ќе испрати и 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила

Македонската влада испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес. Одлучено е да се издвојат околу 100.000 евра помош за настраданите во земјотресот, а ќе биде испратена и хуманитарна помош и тоа 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.

За санирање на последиците од земјотресот се испраќаат 24-ца припадници на армијата, од кои 22-ца од баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од командата за обука на министерството за одбрана.

Од дирекција за заштита и спасување се обезбедува комплетна опрема и средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Министерството за здравство е задолжено итно да подготви и да достави одлука за обезбедување помош во медицински персонал, медицинска опрема и лекови, а министерството за одбрана за обезбедување помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош…вонредна седница за среда закажа и советот на град скопје за носење одлука за помош на настраданите во земјотресот во Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе