Вести Македонија

Ваквите постапки на властите во Северна Македонија му штетат на процесот за воспоставување доверба, реакција на бугарското МНР

За жал, одбележувањето на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев не допринесе за надградување на меѓудржавните односи помеѓу Софија и Скопје, вели во својата реакција бугарското Министерство за надворешни работи, откако стотина бугарски граѓани не успеаа да влезат во Македонија поради технички проблеми на граничните премини.

Со длабоко жалење констатираме дека 4 фебруари 2023 година ќе влезе во историјата како датумот на кој властите во Северна Македонија, од крајно неубедливи причини и во спротивност со претходно дадените уверувања, не им дозволија на бугарските граѓани да оддадат почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Министерството за надворешни работи денешното однесување кон бугарскиот народ и Република Бугарија на властите во Северна Македонија го оценува како понижувачко и недозволиво, пишува во реакцијата на бугарското МНР.

Според бугарското МНР, ова заедно со неподготвеноста од македонската страна, двете делегации заеднички да положат венци, претставува отстапување од воспоставените добри практики и ги поткопува напорите на Република Бугарија насочени кон зајакнување на добрососедството.

За воспоставување добрососедски односи потребни се најмалку двајца искрени партнери. Сè потешко е да се препознае во однесувањето на властите во Скопје вистинска желба да се изгради потребната доверба, пријателство и соработка, заклучува бугарското МНР во својата реакција.

Во врска со приведените бугарски граѓани, бугарското МНР соопштува дека побарале од македонските власти итно да им достават информации, и покрај тоа што тоа требало да биде направено веднаш по нивното приведување. Додаваат дека очекуваат да бидат судени по забрзана процедура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе