Вести Македонија

Повеќе лица, меѓу кои и мали деца, не можеле да се симнат од Водно со Жичницата поради силен ветер

Поголема група граѓани, меѓу кои и деца денеска не можеле да се симнат од врвот на Водно со Жичницата поради силниот ветер. Од Центарот за управување со кризи информираат дека проблемот е надминат откако Жичницата била повторно ставена во употреба.

На телефонски број за итни повици 112 во 15:40 часот добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кои чекаат да се симнат по жичарата, меѓутоа поради големите ветрови на истите од страна на вработените на Жичарата не им е дозволено да се симнат со лифтот, наведуваа од ЦУК.

Лицата побарале помош за симнување, посочувајќи дека биле известени од страна на вработените во Жичарата дека патот е подзамрзнат и тешко е со кола да се стигне до местото каде се наоѓале луѓето.

За настанатата состојба ЦУК го известило одговорното лице од Град Скопје и ЈСП Скопје. По извршените контакти со одговорното лице, Жичарницата била ставена во функција и луѓето безбедно се симнале надолу до Средно Водно.

Од страна на Град Скопје е известен и Црвениот Крст чии претставници се наоѓале на лице место и им помагале на луѓето безбедно да се симнат надолу.

Состојбата е надмината и временските услови се стабилизирани, соопштија од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе