Вести Свет

Протести во Франција поради најавената пензиска реформа

Во Франција денеска нов бран протести поради најавената пензиска реформа со која се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а штрајкот што е во тек веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата.

Синдикатите, кои закажаа протести низ целата земја, очекуваат голем одѕив, како оној на 19 јануари, кога над милион луѓе излегоа на улиците.

Производството на струја е помало за 4,4 отсто, односно 2,9 гигавати, бидејќи во штрајкот учествуваат вработените во термоцентралите и нуклеарните централи, соопштија од енергетската компанија ЕДФ.

Само еден од трите француски брзи TGV возови работи денеска, регионални и локални возови има се помалку, а париското метро работи со многу ограничувања.

Половина од наставниците во основните училишта, според нивниот синдикат, ќе се приклучат на штрајкот, а со работа ќе престанат и вработените во нафтената индустрија.

Нафтената компанија „Тотал Енерџи“ најави дека нејзините производи нема да се транспортираат поради протестите, но истовремено потенцираа дека бензинските пумпи се добро снабдени.

„Реформата е брутална и неправедна“, рече претседателот на синдикатот на државните службеници УНСА, Лик Фаре, додавајќи дека пензиската реформа претставува „чекор наназад во социјална смисла“.

Според анкетите, мнозинството француски граѓани се против пензиските реформи предложени од претседателот Емануел Макрон и неговата Влада, но засега ниту една страна не покажува намера да отстапи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе