Вести Свет

Николенко: Милановиќ го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина

Со изјавата дека Крим никогаш повеќе нема да биде Украина хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина и тоа го сметаме за неприфатливо, напиша денеска на Фејсбук портпаролот на Министерството за надворешни работи, Олег Николенко.

Се прашувам дали Зоран Милановиќ би можел да стане претседател на својата земја со таква реторика во 1990-тите, кога Хрватска се бореше за зачувување на својата државност? Дали неговите гласачи би се согласиле да ги затворат очите пред окупацијата на дел од нивната земја? Се сомневам во тоа, напиша Николенко.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера во Петриња изјави дека „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина“, алудирајќи на тоа дека меѓународната заедница веќе направила таков преседан со Косово.

Русија, ианку, го анектираше Крим пред девет години, во 2014 година.

Во својот пост, Николенко потсети дека „Хрватска можеше да изгуби една третина од својата територија поради надворешна агресија“.

Сепак, благодарение на херојската борба, Хрватите успеаја да ја заштитат независноста на својата земја. Сметаме дека изјавите на претседателот на Хрватска, кој всушност го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина, се неприфатливи, нагласи портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи.

Милановиќ: Го анектиравме Косово, одземено е од Србија … А Русија со години ја провоцираат!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе