Вести Свет

Бразилскиот претседател Лула вели дека нема да испраќа оружје во Украина, но подготвен е да посредува меѓу Путин и Зеленски

Претседателот на Бразил, Лула да Силва, изјави дека е подготвен да посредува меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, доколку е потребно.

Ако можам да помогнам, ќе помогнам. Ако е неопходно да бидам посредник во мировните преговори меѓу Путин и Зеленски, нема проблем, рече Лула на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Претседателот на Бразил рече дека е неопходно „да се соберат луѓе кои поради нивното влијание ќе бидат почитувани на преговарачката маса и да се вклучат“ во преговарачкиот процес.

Лула да Силва предложи мировните преговори за Украина да се одржат во широк меѓународен формат кој потсетува на групата Г20.

Бразилскиот претседател рече дека за овој предлог веќе разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој информира дека овој предлог ќе го спомене и кога ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден во февруари и со кинескиот претседател Си Џинпинг во март.

Во исто време, тој рече дека Бразил нема да испорачува муниција за борбените тенкови Леопард што Германија неодамна и ги вети на Украина.

Лула рече дека Бразил, исто така, нема да обезбеди муниција за тенковите Гепард за воздушна одбрана што Берлин веќе ги испрати во Украина.

Бразил не е заинтересиран да прати муниција што ќе се користи во војната меѓу Украина и Русија. Бразил е земја на мирот. И затоа Бразил не сака никакво учество во оваа војна, ниту индиректно, рече Лула на заедничката прес-конференција со Шолц.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе