Вести Свет

Болсонаро не сака да се врати во Бразил, поднел барање за шестмесечна американска виза

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, што укажува дека можеби нема намера веднаш да се врати дома, каде што го чекаат одредени правни процедури, јавија денеска американските меидуми.

Веста за поднесување на барањето за виза прв ја објави весникот „Фајненшл Тајмс“, цитирајќи го адвокатот на поранешниот бразилски претседател за имиграциски прашања, Фелипе Алесандро.

Откако американските медиуми стапија во контакт со неговата адвокатска канцеларија, веста беше потврдена.

Болсонаро го напушти Бразил на 30 декември и замина за  американската сојузна држава Флорида, само два дена пред да биде инаугуриран неговиот ривал Луис Инасио Лула да Силва.

Една недела подоцна, неколку илјади приврзаници на Болсонаро упаднаа во најважните државни згради, барајќи изборите да бидат поништени и Лула да биде прогласен за губитник на претседателските избори што се одржаа во октомври минатата година.

Во Бразил истражуваат дали Болсонаро имал некаква улога во поттикнувањето на нападите врз претседателската палата, Конгресот и Врховниот суд на земјата.

Американските медиуми претпоставуваат, иако немаат официјална потврда, дека Болсонаро влегол во САД со виза А-1 што им се дава на шефовите на држави. Во таков случај тој има 30 дена или да ги напушти САД или да го регулира својот статус во Министерството за домашна безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе