Вести Економија Најважни

Цените на производите никако да паднат – трговците ги качија преку ноќ, тешко се канат да ги намалат

Цените на основните производи експрeсно се зголемуваа. Сите домаќинства беа затечени од високите суми испишани на рафтовите во маркетите. Откако дел од производните фирми добија субвенциoнирана струја која, исто така, ја плаќаат граѓаните, се очекуваа намалувања. Но, мина и јануaри, а поевтинувањето се сведе на оние неколку денари намалување на цените од пред Нова година. Граѓаните велат тоа никој не го почуствувал. Сè уште е многу скапо. Одат да пазарат, но велат со овие цени и плати одвај можат да ја наполнат кошницата и да го купат она што им е најпотребо за дома.

Од бизнисот се свесни за целата состојба. Со субвенционираната струја успеале до некаде да ги скусат производните трошоци. Уверуваат дека производителите ги намалиле цените до каде што  им се можностите. Но, тврдат дека во корекциите, голема улога имаат и натрупаните залихи кои ги имаат направено.

„Претпоставувам имаат залихи купени во одредено време, кога нивните набавни цени биле на драстично повисоко ниво. Мислам дека се доби тој ефект да се прекине нивниот раст и да има одреднео намалување, складно и процентуално колку учествува струјата во тие производи“, вели Трајан Ангеловски, претседател на Сојузот на стопански комори (ССК).

Сепак, според бизнисот, состојбата е таква што не може да се очекува дека и во следниот период цените ќе паѓаат или, пак, да се вратат на она ниво од пред кризата.

„Што ќе се случи ако Украина не ги насади површините од претходната година и нема толку голем род. Најголемиот дел се берзански производи и се додека немаме домашен извор на главните суровини, нереално е да очекуваме да бидат на не знам какво ниво, ниту пред кризата инфлацијата е висока. Треба да бидеме свесни дека цените не само на прехрмабените и на другите производи ќе растат“, додаде Ангеловски.

Дел од производствените компании веќе два месеца користат субвенционирана струја во работењето, нешто што го бараа со месеци и што го посочуваа како клучен фактор за раст на цените. Откако ја добија оваа поволност и од Владата најавуваа дека ќе има намалувања. Но, поевтинувањето беше благо. По, што производителите соопштија дека појасна слика за цените ќе имаат во јануари кога ќе ги добијат пресметките за трошоците од декември. Со тоа полесно ќе можеле да калкулираат дали и за колку ќе може да направат надолни корекции во износите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе