Вести Свет Топ вести

Украинскиот војници на обука за „Патриот“ ракетниот систем во САД

Околу 100 припадници на Украинската армија пристигнаа доцна синоќа во американската база Форт Стил во Оклахома, каде што ќе се обучуваат за оперирање на противракетниот систем „Патриот“. Киев со месеци го бараше противракетниот систем од Вашингтон, а одлуката беше соопштена за време на посетата на Зеленски на САД во декември, кој тогаш истакна дека само една батерија би направила голема разлика во зајакнувањето на украинската одбрана од руската инвазија.

  • „Значи, војници од украинските одбранбени сили пристигнаа во тренинг центарот во Форт Стил, Оклахома за да ја започнат обуката за противвоздушна одбрана. Обуката се состои од задачи за оперирање и одржување на противвоздушниот систем „Патриот,“ – полковник Куртис Кинг – Артилериско училиште на Американската армија.

Бројот на војници кој пристигна во Оклахома одговара токму на бројот на персонал потребен за да се оперира со една батерија на системот „Патриот“, кој се состои од повеќе возила, моторизиран систем за лансирање,  радар, контролна станица и генератор.

Доцна синоќа пак, во нуклеарната централа во Пивденоукраинск во јужна Украина пристигна првиот специјализиран експертски тим на Меѓународната агенција за атомска енергија.

  • „Сега оставаме група експерти кои ќе останат овде. Истото ќе го направиме во сите други места. Тесно ќе соработуваат со нашите украински домаќини за да се олесни обезбедувањето техничка поддршка, испорака на опрема, за да се осигуриме дека сите овие објекти, кои се толку важни за земјата, особено во ова тешко време, ќе продолжат да работат нормално и без проблеми“ – Рафаел Гроси – Генерален директор на МААЕ.

Минатата недела агенцијата соопшти дека по барање на Украина ќе испрати експертски тимови и во нуклеарните централи во Ривне, Хмелнитски и Чернобил. Во договор со Украина, Агенцијата одлучила во земјата да воспостави постојано присуство од 12 експерти кои покрај тоа што ќе ја надгледуваат состојбата во нуклеарките, ќе направат и проценка на опремата и потребите на секоја од нив, како и да понудат експертски совети.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе