Вести Свет Топ вести

ЕП отпочна постапка за одземање на имунитетот на двајца пратеници поради корупциски скандал

Европскиот парламент синоќа ја почна повеќемесечната постапка за одземање на имунитетот од кривично гонење на двајца пратеници кои белгиските истражители сакаат да ги испрашаат за корупциски скандал.

Собраниската комисија за правни прашања ќе ги разгледа барањата и ќе побара во рок од еден месец да се донесе заклучок за да може парламентот да гласа на следната редовна седница во средината на февруари.

Италијанецот Андреа Коцолина и Белгиецот Марк Тарабела, двајцата членови на левиот центар на социјалистите и демократите на Европскиот парламент, преку своите адвокати негираат дека сториле каков било прекршок.

Грчката европратеничка Ева Каили и поранешниот италијански пратеник Пјер Антонио Панцери, заедно со уште двајца, се во белгиски притвор под обвинение за корупција и перење пари поврзани со наводни плаќања од Катар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе