Вести Свет Топ вести

Британија ја засилува поддршката на Украина- неделава засилена дипломатска активност низ целиот свет

Британскиот премиер Риши Сунак ја засилува поддршката на Украина пред годишнината од војната на Путин:

  • Премиерот најави дека Обединетото Кралство ќе испрати тенкови и самоодни топови во поддршка на украинската офанзива
  • Во пресрет на првата годишнина од војната, премиерот ја нагласи потребата од меѓународна стратегија за надминување на застојот
  • Оваа недела секретарите за надворешни работи и за одбрана ќе се сретнат со нивните колеги за да поттикнат меѓународна акција

Риши Сунак има намера да ја забрза дипломатската и воената поддршка на Обединетото Кралство за Украина во претстојните недели, во обид да се оттурне Русија уште подалеку и да се обезбеди траен мир, се вели во соопштението од Британската амбасада во Скопе.

Според соопштението напливот на дипломатски активности на Обединетото Кралство ќе се случува низ целиот свет оваа недела, откако премиерот им нареди на највисокиот ешалон на министри да поттикнат меѓународна акција во пресрет на првата годишнина од целосната инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Премиерот веќе се обврза да обезбеди еднаква или да ја надмине веќе обезбедената одбранбената поддршка на Обединетото Кралство за Украина во 2023 година и тој им наложи на министрите и официјалните претставници оваа недела да се погрижат за што е можно поголема проактивност во рамките на целиот спектар на нашата поддршка.

Официјални лица од одбраната и безбедноста на Обединетото Кралство веруваат дека се отвори простор како резултат на фактот што Русија е во фаза на повлекување поради проблемите со снабдувањето и падот на моралот. Затоа, премиерот ги охрабрува сојузниците да ја распоредат својата планирана поддршка за 2023 година што е можно поскоро со цел да имаат максимално влијание.

Испраќањето на тенковите Челинџер 2 (Challenger 2) во Украина е почеток на промена на брзината во поддршката на Обединетото Кралство. Ескадрила од 14 тенкови ќе влезе во земјата во наредните недели, откако премиерот му кажа на претседателот Зеленски дека Обединетото Кралство ќе обезбеди дополнителна поддршка за помош на копнената војна на Украина. Околу 30 AС90 (AS90), т.е. големи, самоодни топови, управувани од пет топџии кои ќе следат во претстојниот период.

Обединетото Кралство ќе започне со обука на украинските вооружени сили за употреба на тенковите и топовите во наредните денови, како дел од пошироките напори на Обединетото Кралство во рамките на кои илјадници украински војници беа обучени во Обединетото Кралство во последните шест месеци.

Премиерот го задолжи секретарот за одбрана да ги здружи европските сојузници со цел да се погрижи за што е можно постратешка и покоординирана глобална воена поддршка. За таа цел, Секретарот за одбрана ќе отпатува во Естонија и Германија оваа недела за да работи со НАТО сојузниците и другите меѓународни партнери.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи ќе отпатува во Соединетите Американски Држави кон крајот на оваа недела за да разговара за тоа како Обединетото Кралство и САД можат да ја искористат нашата позиција како водечки поддржувачи на Украина за да поттикнат понатамошна меѓународна акција.

Исто така, тој ќе отпатува во Канада – уште еден од најверните поддржувачи на Украина – за да разговара за потесна координација околу меѓународните санкции и нашите координирани напори за зајакнување на нашата поддршка за Украина.

Портпаролот на Даунинг стрит рече:

„Во пресрет на почетокот на втората година во која народот на Украина живее со немилосрдното руско бомбардирање, премиерот е силно посветен Украина да победи во оваа војна. Заедно со неговите најблиски воени советници, тој ја анализираше воената слика, го погледна стратешкото влијание на поддршката на Обединетото Кралство и го детектираше просторот каде што смета дека Обединетото Кралство и нејзините сојузници можат да имаат максимално влијание. Премиерот е убеден дека долгата и статична војна служи само за целите на Русија. Затоа тој и неговите министри ќе разговараат со нашите сојузници ширум светот во деновите и неделите што следат за да го засилат притисокот врз Путин и да обезбедат подобра иднина за Украина.“

Во пресрет на годината од инвазијата, британскиот премиерот ќе се обиде да ја демонстрира моќта на Обединетото Кралство како меѓународен катализатор со влијание во рамките на НАТО, Г7, Здружените експедициски сили и на други места. Тој ќе работи со партнерите со цел да ја стави Украина во најсилната позиција што ќе ѝ обезбеди да влезе во идните мировни преговори од позиција на воена, економска и дипломатска сила и да обезбеди силен и траен мир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе