Вести Свет Топ вести

По првиот земјотрес синоќа, во Албанија се регистрирани уште 67 со различна јачина

Од синоќа во 22:37 часот, кога беше регистриран најсилниот потрес, до денеска напладне во Албанија се регистрирани 67 земјотреси со помала јачина. Албанскиот сеизмолог Едмонд Души ги смирува граѓаните, оценувајќи дека ваквите последователни потреси ја ослободуваат енергијата акумулирана во земјата и ја избегнуваат можноста да има посилни потреси.

„Синоќешниот потрес беше најсилен со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а само кусо потоа следеше земјотрес со јачина од 3,9 степени. Од 22:37 часот до утрово 63 микроземјотреси се регистрирани кај нас како институција, со помала јачина. Епицентарот е во Клос, област позната како тектонска зона. И денеска до пладне регистрирани уште неколку потреси, еден во 10:45 часот со јачина од 3,3 степени или вкупно 67. Очекуваме целосно да се смири тлото“, рече Души.

Според надлежните структури, „серијата“ земјотреси најсилно се почувствуван во Клос, Џибер, Гур и Булќиза, каде се пријавени оштетувања на најмалку 22 индивидуални станбени објекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе