Вести Економија

Бизнисот се жали на неконструктивни средби со владата

Состаноци и средби има, но без решенија. Бизнис секторот со забелешки до владата. Констатирале дека без разлика што на средбите со министрите ќе ги изнесат своите аргументи, тие не се земаат предвид кога се носат важни одлуки. Работите продолжуваат да течат по старо, онака како што зацртало министерството каде стопанствениците биле на средба.

„Ќе закажат состанок, ќе одиме од комората на состанокот ќе ни презентираат нешто ќе ги кажеме нашите размислувања тоа ќе заврши работата ќе си продолжи  работата онака како што си ја замислиле. И оди изјава за ова е разговарано со комората што значи ова таа изјава мора да се замени со ова е усогласнео со комората или не е усогласено, комората сака суштинска комуникација“, вели Зоран Јовановски потпретседате на Стопанска комора.

Како пример го дадоа законот за потрошувачи кои стапи на сила на крајот од минатата година. За овој документ, стопанството има низа забелешки и нејаснотии, но остана без простор да ги каже,  пред тој да почне да се применува.

„Во однос на декларации не ставаат во трошок, а ние како компанија ни се печатат производи на македонски јазик во странство се со цел да имаме пониски цени. Се печатат поголеми количини. И сега не е допрецизирано, што да правиме кога имаме годишни количини испечатени, ако се фрлат треба да се платат, дополнителни вработени, а некои не дозволуваат за да се стави целиот тој текст“, изјави Бранислав Ѓорѓиевски од „Геопром“.

Вицепремиерот Битиќи, вети дека законот за потрошувачи, ќе се разгледува на следните владини седници, а решавањето на сите проблеми кои се содржани во него, треба да бидат лекција за подобрување на комуникацијата меѓу Владата и бизнисот.

 На следни владини седници ќе излеземе со решение, за да одговориме соодведно да нема такви проблеми“, рече Фатмир Битиќи, вицепремир за економски прашања.

Од законот за потрошувачи најмногу реакции предизвика Членот 37 кои ги обврза сите производители своите продукти освен на макеоднски да ги бележат и на албански јазик. Казните, пак, за непочитување на истиот се од 500 до 1.000 евра, но и забрана за вршење на дејноста.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови тензии на Токсикологија

Дејан Дејан

Осигурителните фирми се тие кои треба да одлучат дали ќе им бидат вратени парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување

Дејан Дејан

Мицкоски: Да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе