Вести Македонија

Тетовчани дишат загаден воздух и на почетокот на новата година

И оваа година Тетово ја започна со загаден воздух – речиси секојдневно имало надминување на граничните вредности на штетните честички со големина од 10 микрограми.

Лани пак, 108 дена граѓаните дишеле загаден воздух, а според здравствените стандарди не треба да има повеќе од 35 дена.

Амбулантите веќе подолг период се преполни со пациенти, од кои една третина се жалат на симптоми поврзани со аерозагадувањето.

„Имаше поголем број пациенти кои ги посетуваа амбулантите поготово за ваквите климатски промени кои се жалеа на кашлица, кивање бидејќи самиот воздух беше со многу ПМ 10 честички и други елементи кои го загадуваат воздухо и нормално дека ние преку респираторниот систем ги дишеме во внатрешните органи“, вели доктор Исмаили.

Во градот кој со години е на листата на најзагадени, инспекцијата не утврдила емисии на индустриските капацитети над дозволените граници. Биле контролирани 72 објекти – пекари, фабрики за мебел, за производство ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци, авто сервиси, механичарски работилници и вулканизери, но, инспекторите пронашле индивидуални лица кои горат отпад, информираат од општина Тетово.

„По сите извршени контроли по добиените извештаи констатирано е дека емисиите се во рамки на дозволените гранични вредности. Исто така направен е инспекциски надзор на критични места на делот од градот, особено покрај кејот на реката Пена каде се спалува разновиден отпад, констатирани се спалувачите, фотографирани и со соодветни барања доставени до МВР за соодветна постапка“,вели Милена Вучевска, портпарол на Општината.

Од Општина Тетово поради нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух, излегоа со препораки до граѓаните, но и до правните лица – да внимаваат на начинот на затоплување, да не користат автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз, апелираат до стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот и сл.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе