Вести Македонија Топ вести

Породилното отсуство се заменува со мајчинско, татковско и родителско отсуство – отворени повеќе дилеми

Новиот Предлог- закон за работни односи кој е во нацрт верзија ја разбранува јавноста. Се отворија неколку дилеми дали е намален периодот за мајчинско отсуство, колку трае родителското отсуство и  што подразбираат трите вида на отсуство.

Според доктор Лазаров првото нешто што паѓа во очи во овој закон  е дека сега се разговара за девет месеци отсуство, не за 12 месеци како што беше најавено уште во 2020 година.

„Фактички се воведуваат како што јас разбирам два нови термина мајчинство и родителство што значи дека има пет месеци мајчинство, по што можат да следат уште четири месеци родителство од мајката или таткото и новина позитивна која ја гледам е дека има основ тие четири месеци да бидат консеквентни, значи мајката, па таткото, со тоа што би добиле некои 13 месеци. Но многу поважна е мајката, доењето за кое ние се бориме секојдневно. Не ми е драго што гледам вакви работи, за мене е ова дефокусирање.  И се случува да разговараме на тема што не требаше да ја разговараме воопшто, сега требаше да зборуваме дека сме прогресивна земја, со социјални права што се бори наталитетот да го подигне со 12 месеца породилно“ – вели д-р Ненад Лазаров, гинеколог – акушер.

Со самото тоа што имаме закон од 220 страни каде 15 до 20 члена говорат само за поделбата на овие отсуства и истот на нас експертите ни е збунувачки што станува за работниците кои ќе ги опфати истиот закон, смета Ампева.

„Дополнително секаде европското законодавство е на 20 страни максимално, се друго се уредува во колективните договори. Ние имаме повторно еден конфузен закон и мораме да го разгледаме со нашиот правен тим за да можеме да реагираме. И повторно не се заштитени работничките кои имаат договор на определено време, потоа користење на новото флексибилно работно време, работодавачот трба да даде мислење, доколку тоа не му пречи на процесот на работа“ – оценува Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

Според министерката Тренчевска целата заблуда во јавноста е поради тоа што  место досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство.  И во ниту еден случај не станува збор за кратење на досегашното породилно отсуство.

(изјава телефонски Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика)

„Татковското е во времетраење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето. Ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци и по истекувањето на мајчинското отсуство мајката има дополнителни четири месеци родителско отсуство , а исто така и таткото има право на четири месеци родителско отсуство. Овие четири месеци родителско отсуство и за мајката и за таткото може да се користат заедно наизменично или еден по друг“ – вели министерката за труд и социјална работа, Јованка Тренчевска.

Во периодот кој следува ќе се одржат серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање можност за коментари за овој предлог закон, вели Тренчевска.

Новиот предлог Закон за работни односи со кој би требало да се зголеми должината на породилното, родителско отсуство требаше да стапи на сила лани, но се ушто траат јавните дебати.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе