Вести Македонија Топ вести

Државата ќе бара помош од Брисел за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на РЕК Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со кучињата-скитници, рече дека и покрај тоа што станува збор за ингеренција на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар кој ќе биде дом за тие кучиња.

Ковачевски нагласи дека проблемот со бездомните кучиња е голем и оти секојдневно сме сведоци на напади врз граѓани.

Потенцирајќи дека тоа е исклучителна надлежност на општините, пртседателот на Владата посочи дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.

– Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проек, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем. Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, нагласи Ковачевски.

Од возразни до деца- шестмина каснати од кучиња – скитници за само едно деноноќие во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе