Вести Македонија Топ вести

Списоците на просветниот инспекторат ја потврдуваат бројката од 449 студенти со уверенија со „техничка грешка“

Не се помалку од двесте, како што тврдеше ректорот на Штуловиот универзитет, туку точно 449 студенти со уверенија дека за шест семестри завршиле Правен факултет со седми еден степен.

Телма преку пристап до информации од јавен карактер ги доби списоците на студентите, направени од државниот просветен инспектор, по проверката нарачана од антикорупционерите. Од јануари 2008 година до јануари 2012 година, овие студенти подигнале уверенија за завршени студии во шест семестри.

Нивните имиња се затемнети поради заштита на личните податоци. При прегледот на 39 студентски досиеја, избрани по случаен избор, е констатирано дека кај сите стои завршен 7/1 степен со стручен назив – дипломиран правник.

Констатациите инспекторот ги доставил до Антикорупциската комисија, за нивно запознавање и постапување. Со ова биле запознаени и претставниците од универзитетот, кои тогаш немале забелешки. Но, ректорот, во изјава за Телма, имаше забелешки.

Екс министерот, Аднан Јашари, пак, тврдеше дека, со одредбите на законот за високо образование што се применувал до 2010 година, сите студенти во сите универзитети, и државни и приватни, се стекнале со такви уверенија, како на Барлет Џафери, на кои покрај кредитите стоел и степенот. Но, за Телма, од УКИМ и Битолскиот универзитет одговорија дека, тоа не е точно и дека, во уверенијата стоеле само кредитите и звањето, но не и степенот на квалификација.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе