Вести Македонија

Јавното претпријaтие „Исар“ од Штип го фати пoслeдниoт воз и се приклучува на ЕСМ снабдување за субвенционирана струја

Комуналните претпријатија во последен момент се спасија од високите сметки за струја во последен момент. Штипски „Исар“ веќе има план, за што ќе ги искористи парите кои ќе останат од пониските сметки. Со нив ќе ги враќа долговите, кои изминатата година се натрупаа за потрошена електрична енергија, а еден месец добија и сметки повисока од месечните приходи.

Издавањето на првата општинска обврзница ќе донесеше и инвестиции во фотоволтаици и изградба на мини хидроцентрала во Филтер станицата, но откако Владата кусо одговори на Општина Штип дека точката е повлечена од дневен ред, паѓаат во вода сите планови за ова претпријатие повторно се врати во нормален колосек.

Комуналните претпријатија, поради енергетската криза изминатата година, направија милионски долгови кои тешко ќе ги враќаат. Некои од нив останаа и без струја во одредени објекти, како што беше примерот во Кочани.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе