Вести Македонија Топ вести

Господинов за Телма – Во времето во кое живееме, минатото се претвора во пропаганда

Најопасно е кога сведочиме на идеолошка злоупотреба на минатото, вели истакнатиот бугарски писател Георги Господинов чии дела се преведени на повеќе светски јазици.

Порано, Јосиф Бродски, големиот руски поет во егзил, велеше „иднината е пропаганда“. Но, сега во времето во кое живееме, минатото се претвора во пропаганда. Најлошата работа која можеме да ја направиме со минатото е некој да ни го вети старото минато, наместо иднина. Некој да ни каже „Гледајте колку убаво беше порано, ајде да го вратиме светот назад, да вратиме сѐ назад до Втората светска војна, да вратиме сѐ со комунизмот, со тоталитаризмот. Затоа што тогаш бевме млади и бевме среќни“. Но, никој не може на човек да му ја врати младоста“ – вели Господинов.

Според Господинов доколку ги имаме предвид актуелните случувања на политички план меѓу Македонија и Бугарија политичарите треба да се огледаат на дијалогот во уметноста каде е најважна категоријата човек, тоа не се ниту политичарите, ниту партиите и тоа е најважно за идните генерации.

Бидејќи ние сме толку блиски, што кога едниот народ страда, тоа треба да го боли и другиот. Тоа е емпатија, прашање на емпатија, прашање на сочувствување. Така што, јас сум за тоа, како да кажам, двете страни навистина да се сретнат и да разговараат како луѓе. Кога зборувате како луѓе пропагандата станува немоќна“ – додава Господинов.

Во време на економска криза малкумина се свесни за моќта на уметноста воопшто.

Мислам дека луѓето и народите сѐ повеќе ќе сфаќаат колку всушност е важна уметноста, бидејќи на политичарите од вчера и од денеска, може да им се заборават имињата, но ќе останат имињата на луѓето од уметноста, како што останале и од порано. Но, најважното е што уметноста работи со категоријата на човекот, нема ништо поголемо од посебниот човек. Ниту една идеологија не е поголема од болката на еден конкретен човек“ – подвлекува Господинов.

Многубројната публика која беше присутна на промоцијата на македонскиот превод на романот „Засолниште во времето“ во издание на Или –или е само уште една потврда, како што забележа и самиот автор,  дека уметноста ја има моќта за дијалог во кој на прво место ќе биде човекот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе