Вести Македонија

Случајот со студентите од Факултетот за бизнис економија отвора сомнеж за криминал и корупција

Случајот со студентите од приватниот Факултет за бизнис економија кои не ја започнаа академската година, зашто в.д. директорката Кировска ги отпушти сите професори, по барање на основачот на факултетот Џенк Јилмаз, е доказ дека институциите потфрлиле во работата и отвора сомнеж дека се работи за организиран криминал и корупција, вели пензионираниот виш инспектор во ДПИ, Ѓорѓи Илиевски.

Тој го темели тврдењето на начинот на кој постапило Министерството за образование и Инспекторатот по добиените претставки од студентите и професорите. Инспекторатот констатирал неправилности, го известил МОН и другите надлежни институции за понатамошно постапување и го затворил случајот, но без решение.

„Во Законот за просветна инспекција , во Законот за инспекциски надзор кога ќе се констатираат неправилности тој мора да донесе и решение.До самиот факултет, како и за студентите, да укаже каде има пропусти и што треба да превземе факултетот“, вели Ѓорѓи Илиевски, пензиониран виш инспектор во ДПИ.

Според Илиевски, затаила целата карика за одговорност: МОН, министерот Шаќири , раководителот на секторот за високо образование, Инспекцискиот совет, Академијата за квалитет на високото образование и Одборот за акредитација кој треба да ја одземе акредитацијата на факултетот без професори и да отвори пат за трансфер на студентите на други сродни универзитети. Да се вклучи и Одборот за евалуација, за надминување на проблемот, а не студентите сами да се снаоѓаат. Спорно е, вели Илиевски и што студените не се обештетени за уплатите од по 400 евра за зимскиот семестар кој не започна, а Законот за високо образование на тоа го обврзува основачот, доколку високообразовната установа се затвори и е потребен трансфер на студентите на друга.

„Мора да се обештетат студентите . И не треба да им недостига ништо.Сомнеж има за криминал и корупција. Тогаш треба институциите МВР, Финансиската полиција да интервенираат да видат што е случајот со студентите“, додава Илиевски.

МВР треба да утврди и како основачот на факултетот кој се правдаше дека професорите се отпуштени поради незаконско работење и зашто не му дозволиле да учествува во образовниот процес се стекнал со македонско, покрај турското државјанство. За ангажирање нови професори преку оглас сега нема законска можност зашто ФБЕ ја изгуби  постоечката акредитација, дополнува Илиевски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кремљ: Испраќање војници на НАТО во Украина би било исклучително опасно

Дејан Дејан

Шимоните за „Фајненшл тајмс“: Литванија подготвена да испрати војници во Украина за обука

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста се зголемува, поголема заинтересираност за Парламентарни отколку за Претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе